Покрај останатите посни јадења кои ги приготвувам, на мојата трпеза стои и една прекрасна баклава.
Еве го мојот стандарден рецепт за таа посна баклава, која е присутна на мојата слава Богородица.
Корите ги редиме по ред во едно купче.
Прво ја постиламе едната кора, ја попрскуваме со масло и гриз. Попрскуваме по малку со раката, отприлика колку да има наросено по цела кора.
Постапката ја повторуваме и со втората кора, а кога ќе ја ставиме третата кора, со лажицата на попрскуваме масло, па пак малку гриз, а на крајот по должината ја редиме со сецканите ореви.
Од страната каде наредивме ореви, придржувајќи со раката ги виткаме трите кори во вид на ролат и ја поставуваме во тавата каде ќе се пече.
Постапката ја повторуваме со сите кори кои ги наредивме во купчето.

(Значи на секоја трета кора, ставаме ореви по должината и виткаме )

Откако тавата ќе ја наполниме со ролатчиња од кори, полека со ножот ја сечеме во коцки.
Ја попрскуваме со преостанатото масло.
Нека постои околу 30 минути па пред да се пече, ја полеваме со 200 грама кисела вода.
Ја ставаме во загреана рерна.
Се пече на тивко, пополека....
Откако ќе зарумени, баклавата е веќе печена.
Наросувам ванилен шеќер..
Јас ја правам баклавата еден ден пред славата, па ја оставам да отстои печена една ноќ.

Наредниот ден го приготвувам шербетот.

Во тенџере на оган го ставам шеќерот и налевам вода .
Промешувам и оставам да зоврие.
Нека врие околу 10 до 15 минути.
Пред крајот му го додавам свежо цедениот сок од лимон.
Го тргам тенџерето од оган.
Го оставам малку шербетот да постои на страна .
После 5 минути откако го тргнав шербетот ја земам кутлачката и пополека ја попарувам баклавата.
Рамномерно се налева шербетот и се остава да отстои да прими кората.Ја покривам со парче весник...
Откако ќе истине, спремете си чашка ладна вода и седнете си...
Баклавата е вкусна и има убав мирис на лимонче....
На здравје

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови