
13
сеп
2013
Посен колач со круши
Во сад ставете ги водата, маслото, шеќерот и ванилите и со жица или лажица мешајте ги додека се стопи шеќерот.
Додајте ги брашното, оревите, какаото, пецивото и содата и измешајте ги да се изедначат.
Смесата истурете ја во подмачкано со масло и набрашнето плехче (35х20) и наредете ги крушите.
Се пече во претходно загреана рерна на 180 - 200 степени околу 30-35 мин.
Оладениот колач по желба посипете го со шеќер во прав и послужете го.
Лиценца: Сите права се задржани