Колач со ореви и круши (посно, веган)
Е многу ми беше вкусен колачов...Тоа крушите како локумчиња низ него, а пак запечените оревчиња...мхмхмх...И згора на се, посен!
Подготовка
1. Крушите ги лупиме, им ги отстрануваме семките и дршките и ги мериме. Може да зтавите и повеќе ако сакате.
2. Ги маринираме во сок од лимон, цимет и ванилин шеќер. Ги промешуваме и ги оставаме така додека ја подготвуваме смесата за колачот.
3. Во шеќерот рендаме кора од лимон и ставаме ванилин шеќер.
4. Додаваме кисела вода и масло.
5. Ги соединуваме брашното, мелените ореви, цимет и пецивото, па ги додаваме кон течните соединети состојки.
6. Смесата ја соединуваме со лажица, а ја додаваме и течноста во која ни се маринираа крушите.
7. Во намастено и набрашнето тавче ја распоредуваме смесата. Врз неа ги редиме парчињата круши и јатките ореви. Посипуваме и ванилин шеќер врз нив.
8. Печеме на 180-200 степени околу 25 минути.
9. Откако ќе излади колачов по краевите го посипуваме со шеќер во прав.
Забелешка
Во мелените ореви додадов и некоја јатка орев што се гледа на последната дополнителна фотографија.
Лиценца: Сите права се задржани