Полнет свински бифтек
Вкусен, богат ручек за двајца,кој е готов за 45 минути.
Најпрво на бифтекот му се отстрануваат жиличките и мрсни делови до колку ги има.
Потоа се става меѓу 2 чисти најлончиња и се чука со чекан за месо.
Се премачкува со сенф и се зачинува по вкус.
Се ставаат печеницата, врз нив кашкавалот и на крајот краставичките.
Убаво се витка во ролат.
Одозгора се редат лентите сланина.
Се попрскува со масло и се завиткува во фолија.
Се става во сад за печење, одоколу се редат компирите, се зачинуваат, се налеваат виното и водата и се печи на 200 степени 30 минути.
Потоа внимателно се вади фолијата, се остава така во релна уште 5 минути на 250 степени.
Се сервира.
Пријатен апетит
Лиценца: Сите права се задржани