Свински бифтек со сланинка
Прво се чисти бифтекот од жилички доколку ги има и се сече на парчиња со дебелина од 3-4 сантиметри.
Секое се замотува со танко парче сланинка.
Се стега со чачкалица и се редат на тајнир.
Во тава грил се става некоја капка масло и се пропржува кратко по 5-6 минути, од двете страни.
Потоа се редат во тава и се налеваат со 50 милилитри вино и кратко се запекуваат во рерна.
Бифтекот треба да биде сочен, дури доволно е само да биде запржен и розов во средината.
Но ние го сакаме малку понекрвав.
Се сервира со сос од шампињони.
На малку масло се запржува кромидот, се додава брашното, кратко се запржува и се налива белото вино.
Се зачинува по вкус и се додаваат шампињоните, крчка неколку минути.
Се сервира.На здравје
Лиценца: Сите права се задржани