Свински бифтек полнет со домашно димено месо
Домашен свински бифтек ,,намирисан”со зачински тревки збогатен со домашно димено месо...милина...
Поубаво нешто одамна немам подготвено ниту пробано...сочно,меко...посебно мераклиски затоа што си е од нашето свинче...
Подготовка.
На бифтекот отстранете му ги жилките така сите кажуваат така и јас ви пишувам. Според мене жилите да, но мрсното ткиво не, оставете го тоа му дава уште посебна сочност на месото.
Спремете си парчиња фолија провалкајте го или посолете го бифтекот со сол, бибер, рузмарин, оригано, сув магданос. Со универзалниот делимано нож засечете на средина дупка. Во отворот ставете димено месо кое предходно сте го исекле по должина. Дименото нека ви е замрзнато затоа што поубаво се вметнува во месото.
Месото стокмено замотајте го во фолија но предходно премачкајте го со една лажичка свинска маст. Убаво спакувано ставете го во тава налејте околу 500мл.вода затворете и крчкајте еден час на 180 степени во загреана рерна.
По еден час извадете бифтекот од фолијата ставете во тавата 100мл.црно вино и запечете од двете страни во рерна уште околу петнаесетина минути.
Чекајте убаво да се излади исечете убави мињони и послужете со пире и сезонски зеленчук.
На здравје!!!
Лиценца: Сите права се задржани