Испечати

Полнет свински бифтек

Полнет свински бифтек

Состојки

  • 400-500гр свински бифтек
  • 4-5 листови кашкавал
  • 4-5 листови печеница
  • 3-4 кисели краставички
  • 7-8 листови димена сува сланина
  • сол, бибер, сенф, зачин, масло
  • 50 мл вода
  • 50 мл бело вино
  • 2 компири

Подготовка

Вкусен, богат ручек за двајца,кој е готов за 45 минути.

Најпрво на бифтекот му се отстрануваат жиличките и мрсни делови до колку ги има.
Потоа се става меѓу 2 чисти најлончиња и се чука со чекан за месо.
Се премачкува со сенф и се зачинува по вкус.
Се ставаат печеницата, врз нив кашкавалот и на крајот краставичките.
Убаво се витка во ролат.
Одозгора се редат лентите сланина.
Се попрскува со масло и се завиткува во фолија.
Се става во сад за печење, одоколу се редат компирите, се зачинуваат, се налеваат виното и водата и се печи на 200 степени 30 минути.
Потоа внимателно се вади фолијата, се остава така во релна уште 5 минути на 250 степени.
Се сервира.
Пријатен апетит