28
апр
2014
Полнет пилешки стек
Парчињата стек ги премачкуваме со сенфот и ги зачинуваме.
Го сечиме стекот на потенки парчиња и на секое парче ставме по една лента кашкавал, сланина и по еден корнишон. Ги виткаме сите парчиња ги натопуваме прво во брашно, јајца и на крај во презлата.
Ги пржиме во поголема количина на загреано масло и откако ќе ги испржиме ги ставаме на хартја за да се впие непотребната мрснотија.
Ако имате доволно време прад да ги пржите стековите оставете ги малку да отстојат со зачините и сенфот
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови
Ова со сенфов ми е омилениот дел. Само јас во моето семејство го сакам сенфот.