Полнети ќебапи со топено сирење и копар
Обично за промена на вкусовите на одредено јадење играат улога зачините. Копарот е еден од нив сега искомбиниран во мелено.
Се подготвува меленото месо со горенаведените зачини и се тенчат корички врз кои се става од топеното сирење (се формира како мало кебапче од самото топено сирење), секое од нив се валка во сечкани перца од млад кромид,така ставени на кората од мелено се завиваат добро се затвораат краевите и се образува долгунаста форма.
Се редат готови во сад и се полеваат со прелив од јогурт и сенф, па се оставаат половина час во фрижидер со цел да си поприми самото месо од зачините.
Секое парче се валка во презла и се пропржува на тивко во нелеплив сад, за тоа можи да послужи и гурметот со една од многуте функции кои ги извршува(пржење)
Бон апетит
Сосот од јогурт и сенф е одличен и за спремање на пилешко, сум го користела и порано, чинам веќе сум објавила таков рецепт (проверено добар)
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови
Немав перца од кромид,па со зденката ставив изрендан стар лук.Инаку во комбинација одеше и сосот од магдонос од Дани,може да се забележи над ќебапчињата.Оладен беше веќе кога ги правев сликите,па можев и него да го обликувам :)
Честитки!