27
сеп
2014
Полнети цветови од тиква
Е Кате ја пробуди мојата љубопитност за полнење на цветови од тиква (кој успеав да ги набавам иако времето не е баш наклонето)и еве моја варијанта од која бев презадоволна.
Добив вкусни крцкави залачиња.
Најпрво цветовите на тиква нежно се мијат и им се одстранува внимателно толчникот.
Се редат на кујнска крпа.
Во еден сад се соединуваат урдата, јајцето и зачините.
Од оваа смеса внимателно се става по 1 лажиче во цветовите.
Нежно горе се стегнуваат.
Секој цвет се валка во брашно, јајце и презла.
Се пржат на загреано масло и се редат врз хартиени салфети.
Се сервираат по желба.
Лиценца: Сите права се задржани
uste ednas fala ti
inace vo grcija sum gledala deka gi prodavaat po pazarite, celi kupovi