Во тава на оган ставете маслиново масло и додајте ги сецканиот кромид и целер.
Откако ќе омекнат додајте го оризот.
Пржете околу 3 минути.
Додајте 2 црпалки зеленчукова супа, шафранот и цветовите од тиква исечени на резанки.
Гответе на средна температура со повремено мешање и додавање од супата.
При крај додајте го сецканиот магдонос, лососот исечен на мали парчиња, путерот, пармезанот, црн бибер и малку сол.
Промешајте додека путерот се растопи.

Рижотото послужете го топло.

На здравје!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани