Испечати

Рижото со цветови од тиква

Рижото со цветови од тиква

Состојки

  • 200гр. ориз
  • 1 главица кромид
  • 1 стебленце(средна големина) целер
  • 200гр. цветови од тиква
  • 100гр. чаден лосос
  • 0.1гр. шафран во прав
  • 30гр. путер
  • 4 лажици пармезан
  • 5 гранчиња магдонос
  • по потреба зеленчукова супа
  • по потреба маслиново масло, сол, црн бибер

Подготовка

Во тава на оган ставете маслиново масло и додајте ги сецканиот кромид и целер.
Откако ќе омекнат додајте го оризот.
Пржете околу 3 минути.
Додајте 2 црпалки зеленчукова супа, шафранот и цветовите од тиква исечени на резанки.
Гответе на средна температура со повремено мешање и додавање од супата.
При крај додајте го сецканиот магдонос, лососот исечен на мали парчиња, путерот, пармезанот, црн бибер и малку сол.
Промешајте додека путерот се растопи.

Рижотото послужете го топло.

На здравје!