Полнети пилешки копани со фстаци
Друг коментар за рецептот немам освен тоа што ќе кажам дека е баш она - добар неделен ручек.
- Искостете ги пилешките копани внимавајки да не ја оштетите кожата.
- Меленото месо измешајте го со истолчените ф'стаци, зачинките, 1/2 од чашата вињак.
- На искостените копани од двата краја кај отворите ставете по едно парче од сланината, врз неа ставете од меленото месо, со чепкалка или конец добро затворете ги, осолете и посипете со црн бибер.
- Во тавата за пржење растопете го путерт или ставете зејтин, нека се загрее и ставете ги копаните да се пржат од сите страни. Додадете ги исецканите кромид и моркови, нека се пржат кратко време.
- Додајте го остатокот од вињакот, дозволете да се тој запали и нека угасне, значи го фламбирате. Откако вињакот угаснал, додадете ги виното и водата.
- Префрлете во друг сад, нека продолжи да се допржува во рерна која е загреана на 200 степени околу 20 мин.
- Исцедете го сосот кој останува заедно со морковот и кромидот, испасирајте го, вратете го во касерола и нека се вари додека се згусти.
Сервирајте и нека ви е на здравје!
Совет
- Сосот доколку е реток - можете да го згустите додавајки малку густин и нека се довари.
- Затар е мешавина на зачинки кои даваат свој приднос на вкусот, јас го имам готов купен и го користам во меленото месо, особено дава добар вкус во полнежот на мисирките за Денот на благодарноста сигурно кај секој Американец бил присутен мирисот на овој зачин.
Лиценца: Сите права се задржани