
31
окт
2013
Полнети печурки со сирење
На печурките извадете им ја дршката и наредете ги во плех обложен со хартија.
Во сад ставете ја урдата, додајте ја пиперката исецкана на многу ситни коцки. Додајте го јајцето, сол по вкус, малку бибер и имешајте да се изедначи смесата. Со мало лажиче наполнете ги печурките.
Доматите исечете ги на тркалца и на секоја печурка ставете по едно парче. Посипете ги со малку сол и оригано и попрскајте ги со маслиново масло.
Ставете ги да се печат во загреана рерна на 180 степени околу 25-30 мин. Послужете ги топли како додаток на месо или како самостоен оброк.
Лиценца: Сите права се задржани