27
мар
2012
Полнети печурки
Печурките се чистат со влажна крпа а потоа им се вадат дршките.
Сирењето се сечка на ситни коцки а може и да се згмечи со виљушка а кашкавалот на малку поголеми коцкички.
Пред да почнеме со полнење во секоја од печурките ставаме малку сол.
Во отворот од печурките се ставаат сланината и сирењето и одозгора се става кашкавал.
Се ставаат во плех намачкан со масло и се печат во загреана рерна на 22о степени околу 15 мин.
Дршките од печурките исто така се сечат на ситни коцки и се пржат со остатокот од исечканите сирење и сланина а во текот на пржењето се додава едно лажиче соја сос.
Ова се служи како прилог со печурките.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови