29
јан
2015
Полжавчиња со спанаќ и јогурт
Најпрвин со миксер изматете ги јацата.
Потоа полека во тенок млаз со постојано матење додајте ја водата, а потоа и маслото.
Исклучете го миксерот па додајте го јогуртот, пецивото, сирењето и спанаќот(претходно кратко пропржен колку само да омекне).
На секоја кора нанесете од филот, завиткајте во ролат, а потоа во вид на полжавчиња.
Наредете ги во плех, и врз секое полжавче нанесете од переостанатиот фил.
Посипете со сусам и печете на 180 степени додека убаво заруменат.
Откако ќе бидат испечени оставете да подоладат и послужете ги со јогурт.
Лиценца: Сите права се задржани