Се замесува тесто, се покрива со крпа и се остава да ја удвои масата.
Откако ќе стаса тестото, развлекуваме кора со дебелина од 1 до 1,5 цм, и со чаша вадиме кругови.
На плехот во кој ќе ги печеме пица погачките ставаме хартија за печење, на неа ги редиме погачките и ги оставаме малку да надојдат!
Кога малку ќе поткренат, со мала чаша за ракија втиснуваме вдлабнатина по средината на секоја од погачки. Околу вдлабнатината ги премачкуваме погачките со жолчка, во вдлабнатината ставаме од филот од белка, кашкавал и салама. На крај го посолуваме филот со малку оригано, а околу посолуваме сусам.
Печеме 10-15 минути додека фино не поруменат!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови