Погача што нараснува во ладна вода
Погачава е необична малку, стасува во ладна вода, а вкусот е неопислив. Но тоа не значи дека е комплицирана за правење.
Прво, да знаете дека од јајцето ги одделувате жолчката од белката, а потоа земате пола од жолчката и додавате во белката и разматувате со вилушка, а другата половина од жолчката тргнете ја на страна, ќе ви треба за премачкување.
Може да почнеме.
1. Стоплете го млекото и додадете ги квасецот и шеќерот и оставете да нарасне.
2. Ставете ги во подлабок сад брашното, зејтинот, солта, изматеното јајце и стасаниот квасец. Замесете ги добро состојките да добиете хомогено тесто.
3. Земете една кујнска крпа (од оние потенките), натопете ја во вода, и во неа врзете го тестото. Во садот ставете ладна вода (јас додавам и 1 коцка мраз) и ставете го замотаното тесто внатре. Оставете го врзаното тесто да плива во водата.
4. Кога замотаното тесто ќе почне да плови во водата, е тогаш е стасано. Истурете ја водата од садот, одврзете го тестото и ставете го во подмачкан плех. Додадете свежо гројзе (а може и суво) врз површината на тестото, па премачкајте со жолчката што претходно ја преполовивме.
Печете во загреана рерна нз 200Степени околу 20тина мин, а потоа зголемете на 250 и печете уште 5-10мин.
Совет
Кога ќе го врзувате тестото во крпа, најдобро е да го врзете со ластик. А стасува за околу 25мин.
Лиценца: Сите права се задржани
А тестото е добро што е неутрално, одлично се комбинира и со млеко и со јогурт.