Солена погача со фил
Од сите наведени состојки се замесува средно-меко тесто и се остава да надојди (околу 45 мин.).
Во меѓувреме се подготвува филот. Се мати маргаринот, па се додава крем сирењето, жолчките, се убаво се миксира и малку посолува.
Откако ќе надојди тестото се премесува на кратко и се отвора правоаголна кора, со дебелина од еден прст, се премачкува со филот, се ренда саламата, се витка ролат. Поубаво, цела постапка се гледа од дополнителната фотографијата.
Се става во намрсена со масло и набрашнета со брашно тепсија бр.36. (или можи да се премачка тепсијата само со маргарин.)
Со ножица се засекуваат парчиња, но не докрај.
Парчињата да бидат околу 1,5-2цм., се сечат по 4 парчиња, првото се свртува кон средината, второто и третото на самото место каде што се, но малку извртени и четвртото пак кон средината...И така до крај.
Се остава пак да надојди, да го дуплира волуменот, од 30-45мин.
Пред печење се премачкува со жолчка, разматена со млеко.
Се става во загреана рерна и се печи на најпрво на 220Ц. степени. Откако ќе добие боја погачата, се покрива со алуминиумска фолија, се намалува на 180 и се печи уште 45-50 мин.)
После печење се премачкува со малку маргарин и се завиткува во платнена крпа и најлон.
Многу е вкусна и мека.
На здравје!!!
Лиценца: Сите права се задржани
Nacinot na formiranje e isproban samo vo blaga varijanta ama i solenava moze da se proba :)))