
Солена Велигденска погача
Прво се остава квасецот во топлото млеко со шеќерот да втаса.
Потоа се додаваат останатите состојки.
Се замесува средно тесто.
Се дели на 4-5 топки.
Од секоја топка се сучи коричка и се премачкува со маргарин.
Се редат една врз друга.
Најгорната кора не се мачка со маргарин.
Од така добиената топка тесто се сучи долга правоаголна кора.
Се премачкува со маргарин и по желба се ренда сирење.
Се завиткува во ролат.
Ролатот се сечи на 10 парчиња широки по 3-4 цм.
Се редат во округла тава бр.28.
Се премачкува со јајце и наизменично се наросува со сусам и со афион.
Се остава да кисни 30 минути и се печи.
Убава погача која ќе ја збогати Велигденската трпеза
Лиценца: Сите права се задржани