Го отворивме детскиот кувар и тргнавме во подготовка на неговите рецепти.
Изборот падна на прекрасната пица,која морам да кажам дека ја подготви мојата поголема ќерка.Значи, овде јас стојам само како сведок за прекрасно изведениот рецепт.
Ајде да го кажеме рецептот.
Брашното го сееме и го додаваме сувиот квасец.
Промешуваме па посолуваме.
Водата која е затоплена ја помешуваме со маслото и ја додаваме во брашното. Мешаме солажица додека не се спојат состојките. Го вадиме тестото на набрашнета маса. Полека го размесуваме убаво.
Делиме две топчиња од кои развлекуваме корички по мерка на тавата. Ја обликуваме и ја редиме со филот.
Стандардно, прво оди премазот а потоа останатите состојки. Се пече веднаш во затоплена рерна.

Забелешка
Сигурно забележавте дека тестото не го оставив да стаса. Тоа ќе си стаса онолку колку треба, во печењето.
На здравје

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови