13
јул
2020
Брзи полнети пецива (без стасување)
Кога немам време за да стасувам тесто ги припремам овие брзи пецива, кои можете да ги подготвите и со полнење по желба...
Подготовка
1. Ја вклучуваме рерната на 200 степени.
2. Во садот за месење ги ставаме сите состојки и замесуваме тесто.
3. Откинуваме парчиња од тестото, формираме топки, ги расплескуваме и ги полниме со сирење. Ги затвораме, ги тркаламе низ дланките да формираме топка и ги редиме во тава.
4. Ги премачкуваме со јајце и ги посипуваме со семиња по желба.
5. Печеме додека да поцрвенат.
Забелешка
Користев биено сирење кое е суво, па го изрендав и му додадов 1 лажица кисела павлака за да добие во влажност полнењето.
Лиценца: Сите права се задржани