Прекрасни кифлички чие тесто не стасува, па да се размесува, односно месите, формирате кифли и ги печете. Превкусни се!!!

Подготовка
1. Го активираме квасецот со малку млако млеко и шеќер.
2. Се замесува тесто од состојките за тесто со активираниот квасец. Го оставаме кратко време или додека да го подготвиме филот.
3. Го делиме тестото на 20 или повеќе парчиња кои ги расукуваме ги засекуваме до половина, ставаме фил и ги виткаме.
4. Ги редиме во намрсено тавче и ја вклучуваме рерната на 180 степени.
5. Ги премачкуваме со разматкано јајце и ги посипуваме со сусам.
6. Откако ќе се загрее рерната ги печеме до поцрвенување.