Мекици со јогурт (без стасување)
Рецептата е наменета за оние кои сакаат брз, а воедно вкусен појадок.
Да напоменам дека брашното може да варира, во зависност од јајцата, дали се поголеми или помали.
Во сад ставете ги прво јајцата и јогуртот и добро промешајте ги.
Постепено додадете ги останатите состојки.
Тестото ќе биде меко и лепливо. На местото каде ќе исукате кора, попрскајте прво брашно.
Можно е да ви отиде повеќе брашно.
Развлечете веднаш кора и вадете крукчиња со чаша.
Веднаш пржете ги во врело масло.
Цела подготовка е некаде околу 15минути.
Готовите мекици вадете ги на кујнска хартија да ја впие мрснотијата.
Толку се меки и вкусни. Нека се на здравје
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови