Мекици со јогурт и млеко (од тесто кое стои во фрижидер)
Овие мекици се многу згоден рецепт за спремање, бидејќи се замесуваат од вечер со сите ладни состојки, значи нема чекање да втаса квасецот.
Наутро не се размесуваат туку само се пржат.
Многу битна работа да не губите време во месење, во чекање тестото да втаса.
Погодни за гости (како јас денес) и за 20 минути топол доручек имате рано наутро.
Тестото може да стои во фрижидер и 2-3 дена и да се пржи по потреба.
Во вангличка се ставаат сите состојки, освен брашното и се промешуваат со вилушка.
Постепено се додава брашното и се замесува средно тесто.
Се зема една најлонска чиста кеса и во неа се става 2 лажици масло.
Се затвора и се гужва низ раце, со цел маслото да ги фати внатрешните страни на кесето.
Сега тестото се става во кесата, се заврзува и оди во фрижидер.
Работата е завршена.
Тестото ќе почни да кисни и да го полни ќесето.
Наредниот ден со намрсени раце се прават топчиња и се редат на послужавник.
Секое топче се зема во рака( претходно малку намрсена) се тегни и се става во врело масло да се пржи.
Се редат на хартија, па се сервираат...... и се бројат до три, а после тоа не се бројат колку сте изеле, вкусни, кревки.........
Лиценца: Сите права се задржани
Eve, stignaa na red za proba :-)) Mnogu ubavi, vkusni...naredniot pat ke stavam edno lazice sol poveke, bidejki testoto e neutralno, a nie si gi sakame malku posolenki :-)) Fala ti za receptot, sigurno ke ima i repriza :-)
nazdravje da vi se
Со мала измена во начинот на пржење.
Веќе не ги тегнам со раце, туку од секое топче сучам мало кориче.
Ги редам на чист чаршаф, ги покривам и оставам да одморат 15 минути. Потоа ги пржам
Излегуваат како крофни, со бел венец
Преубавиии