Мекици со јогурт и млеко (од тесто кое стои во фрижидер)
Состојки
- 250 мл млеко
- 250 мл јогурт
- 1 јајце
- 1 квасец
- 1 пециво
- 1лажиче сол
- 1лажиче шеќер
- 50 мл масло
- 900-1000гр брашно
- 300 мл масло за пржење
- 2лажици масло
- 1 поголема најлонска кеса
Подготовка
Овие мекици се многу згоден рецепт за спремање, бидејќи се замесуваат од вечер со сите ладни состојки, значи нема чекање да втаса квасецот.
Наутро не се размесуваат туку само се пржат.
Многу битна работа да не губите време во месење, во чекање тестото да втаса.
Погодни за гости (како јас денес) и за 20 минути топол доручек имате рано наутро.
Тестото може да стои во фрижидер и 2-3 дена и да се пржи по потреба.
Во вангличка се ставаат сите состојки, освен брашното и се промешуваат со вилушка.
Постепено се додава брашното и се замесува средно тесто.
Се зема една најлонска чиста кеса и во неа се става 2 лажици масло.
Се затвора и се гужва низ раце, со цел маслото да ги фати внатрешните страни на кесето.
Сега тестото се става во кесата, се заврзува и оди во фрижидер.
Работата е завршена.
Тестото ќе почни да кисни и да го полни ќесето.
Наредниот ден со намрсени раце се прават топчиња и се редат на послужавник.
Секое топче се зема во рака( претходно малку намрсена) се тегни и се става во врело масло да се пржи.
Се редат на хартија, па се сервираат...... и се бројат до три, а после тоа не се бројат колку сте изеле, вкусни, кревки.........