Пица со тиквички и ракчиња
Најпрво подгответе го тестото
Во сад ставете го брашното, квасецот изронат, солта, шеќерот и со постепено додавање на водата замесете средно меко, изедначено тесто. Покриено оставете го да надојди, скисни.
Откако ќе скисни премесете го и на набрашнета површнина развлечете го во кора со големина за тава за печење бр. 38. Ставете ја во тавата.
Премачкајте ја со доматното пире, наредете го кашкавалот, тиквичката исечена на тркалца и ракчињата. Посипете со малку лук во прав и попрскајте ја со малку масло.
Вклучете ја рерната да се загрее на 200 степени.
Ставете ја да се пече околу 20 - 25 мин додека се зацрвени.
Кога ќе е извадите, печената пица посипете ја со малку оригано. Покријте ја малку да подолади и потоа послужете се.
Еден предлог за љубителите на морска храна, сигурно ќе ви се допадне.
Лиценца: Сите права се задржани
Interesno Nevence!!!