Макарони со сурими ракчиња во тиквички
Во сад се потприжува истолчено чешне лук и се додаваат тивкичките со мешаниот сув зачин и солта. По 5 мин, се става капак да се динста.
Во подлабок став се става другото истолчено чешне лук и се додаваат сурими ракчињата. На нив се додава зачинот за риба. Се пржат 10 мин па се додава цедениот лимон. Садот се покрива и се остава да се изедначи вкусот. Од време на време се промешува. Готови се кога ќе заруменат.
Се ставаат макароните да се варат.
Тиквичките се оставаат да се како потпечени (кога ќе тргнете капакот 5-10 мин., се потребни (во зависност од сочноста на самите тиквички)). Во нив се додаваат заруменетите сурими ракчиња и се промешува.
Макароните се плакнат, се додаваат во тиквичките со сурими, се промешува и јадењето е готово. Се наросува пармезан за украс.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови