Орзо салата со сурими ракчиња
Оваа салата може да се послужи како предјадење или можеда биде солиден оброк за 2 особи. Изборот е ваш, но како и да ја послужите, плени со својот изглед и вкус. Прво суруми ракчињата ги ставаме во маринада од лимонов сок и 1-2 лажици маслиново масло, да одстојат 1-2 часа. По желба може и тука да се додаде протиснатото лукче. Сега во една касерола налеваме вода, додаваме малку сол иод кога ќе зоврие ја ставаме тестенината, и сецканиот морков. Вариме додека не се готови, пожелно е да не дозволиме скроз да се разварат. Ги процедуваме, миеме со ладна вода. Од кога се исцедени, ставаме 1 лажица маслиново масло и промешуваме. Тука ги додаваме маслинките, сецканиот магдонос, копар, зачините по сопствен вкус. Може да се стави и некое зрно капари. Сурими ракчињата ги процедуваме од маринадата. На тава ставаме малку маслиново масло и ги запржуваме од двете страни. Исто така може да се печат и на грил тава. Топли ги сервираме на веќе подготвената паста, накапувамесвежо цеден сок од лимон, декорираме солимон и послужуваме.