
25
окт
2020
Пица макарони во микробранова
Еден брз и лесен начин за едно мало задоволство на децата, но и на повозрасните исто така.
Се варат макароните.
Кашкавалот и саламата се рендаат во засебни садови.
Садовите се намастуваат со масло по ѕидовите.
Се става ред макарони, ред салама, ред кашкавал, па кечап и оригано. Се повторува со тоа што се завршува со макарони и врз нив рендан кашкавал.
Препорака - не се штедете на кашкавалот.
Се печи во микробранова 10 минути, проверка па ако треба уште 5. Тоа зависи од силата на микробановата и од длабината и ширината на садовите кои ќе се користат.
Лиценца: Сите права се задржани