15
јул
2020
Чизкејк во шолја од микробранова
Измешајте ги мелените бисквити со стопениот путер и натапкајте ги на дното на шолјичката
Редоследно измешајте ги состојките за кремот и истурете ја смесата врз подлогата.
Ставете во микробранова на 1 минута на најсилно во интервали од 15-20 секунди. Готово!
Оставете во фрижидер убаво да олади и сервирајте го со омиленото овошно слатко одозгора. Овде користев слатко од цреши и дополнив со цреши одозгора. Мераци!
Лиценца: Сите права се задржани
иначе, сум решила микрото да не ми фаќа само толкав простор во кујната ако го качам, па така се што ќе се појави како идеја пробувам. овде имам рецепти и за торта од некои фи 15 см од микро, локум, суви колачи, некој диет леб во шолја, дулче де лече од конзерва и сл.