Испечати

Чизкејк во шолја од микробранова

Чизкејк во шолја од микробранова

Состојки

  • За подлога
  • 3 лажички мелени бисквити
  • 1 лажиче путер (да се стопи)
  • За фил
  • 4 лажички крем сирење
  • 2 лажички овошен или грчки јогурт
  • 1 белка
  • 1 лажица брашно
  • 1/2 лажиче ванила екстракт
  • За топинг
  • 1-2 лажици слатко

Подготовка

Измешајте ги мелените бисквити со стопениот путер и натапкајте ги на дното на шолјичката

Редоследно измешајте ги состојките за кремот и истурете ја смесата врз подлогата.

Ставете во микробранова на 1 минута на најсилно во интервали од 15-20 секунди. Готово!

Оставете во фрижидер убаво да олади и сервирајте го со омиленото овошно слатко одозгора. Овде користев слатко од цреши и дополнив со цреши одозгора. Мераци!