Пита со сирење, јајца и јогурт
Ова е мојата омилена пита по рецепт на мајка ми. Едноставно, сите ја обожаваме. Овој пат за прв пат се потрудив сама да ја приготвам, наместо неа да и порачувам...пробата успешна, сами си ја изедовме и на никој не дадовме )))
Овде е приготвена во Ростерот, а дозата е за плех од шпорет.
Од брашното, квасецот, малку сол и шеќер на врв на лажиче и водата замесете тесто. Бидејќи рецептот ми е кажан провизорно, посебно делот за водата, јас си запишав колку вода употребив, но за жал, немам појма каде, па ќе треба сами да си процените (се однесува на понеискуните како мене).
Тестото поделете го на 12 топчиња, од кои 7 ќе одат во подлога кората и 5 во горната кора.
Секое топче се расукува и се премачкува со маргарин и се витка во плик форма. Секоја плик форма потоа, се расукува и повторно се премачкува со маргарин. Се редат една над друга 7те и 5те кори. Се оставаат да 10 минути да одстојат и потоа од секое купче се сучи во по една кора.
Во намастениот плех се простира големата кора. Краевите треба малку да висат од плехот.
Се става филот, предходно приготвен (сирењето се дроби и се меша со малку изматените јајца, јогуртот и презлата или гризот и сол по желба), се поклопува со другата кора, која малку се гужва и на крај се виткаат краевите кои виселе од првата кора.
Ставете неколку парчиња маргарин одозгора и печете на 200 степени 20-30 мин (провизорно).
Питава одлично оди со чашка ладен јогурт. На здравје!
* Ние си ја нарекуваме Зелник со јајца, сирење и јогурт, бидејќи начинот на правење е истиот како кога правиме Зелник со праз (единствено е филот малку различен). Значи, освен овој фил, кој ви препорачувам да го пробате, питава претворете ја во зелник со фил од праз, сирење и јајца и уживајте!
Лиценца: Сите права се задржани
Натали, домашните кори најчесто се поубавата опција. А ова иако не е со зеленчук, сепак го врстиме во категорија зелник и тоа не смее да не е со такви кори-ќе не стрелаат бабите најпрво ;) Кај тебе веќе ја замислувам питава со интегрално брашно хехехе... или грешам? ;)
За сликата да, со новиот е... ама уште малку треба да го „изделкам“ за да ме „слуша“ хехехе...
Ајде, од утре ќе ја чекаме и твојата пита и како и другите до сега сигурно и оваа ќе биди убава ;)
Изработката на тестото и самото тесто е супер за јадење и како што кажав погоре ние си го викаме зелник и со ваков фил, а совршено одговара и со праз, мелено, па и други филови кои се користат во зелниците :)
Slikite ko za trojka, ne e testoto fotogenicno, a i brzajki gresna podloga izbrav
Ama, i pokraj toa sto bara poveke vreme od mojot recept, vistinski ispaga ubavo. So friziderot eksperimentot e uspesen, iako mozda treba pomalku kvasec zaradi dolgata fermentacija. Ke vidam drug pat... Filot, praz i sirenje, znaese deka nema tvojot da bidi, ni pod smrtna zakana :))))
Od mene tolku, a tebe fala ti sto go podeli ovaj recept :)
Инаку за мрзнењето не се сомневав дека нема да се погоди, а сликите мене ми се супер. Јас убаво гледам што си направила, без обзир на подлогата :) Најбитно е тоа дека тебе ти се допадна, другото е помалку важно ;)
Фала ти за споделувањето и убавите слики (по мене и да не се контрасна подлогата од брзанка, сепак нема шанси кај тебе да излези лоша слика).
Ах, да, за филот... па одличен избор ти е празот со сирење :))) баш зелник ;)
едно сличе од средбата. Си играм лепење слики денес, онака, петочно :) (нешто како потсетување на постарите рецепти, како потешко видливи)
http://moirecepti.mk/post/%D0%B1%D1%83%D1%80%D0%B5%D0%BA-%D1%81%D0%BE-%D0%BA%D0%B8%D1%81%D0%B5%D0%BB%D0%B0-%D0%B7%D0%B5%D0%BB%D0%BA%D0%B0
http://moirecepti.mk/post/%D0%BF%D0%B8%D1%86%D0%B0-%D0%B1%D1%83%D1%80%D0%B5%D0%BA-%D1%81%D0%BE-%D1%82%D0%B5%D0%B3%D0%BD%D0%B5%D1%82%D0%B8-%D0%BA%D0%BE%D1%80%D0%B8
http://moirecepti.mk/post/%d0%b4%d0%be%d0%bc%d0%b0%d1%88%d0%b5%d0%bd-%d0%b1%d1%83%d1%80%d0%b5%d0%ba-%d1%81%d0%be-%d0%bc%d0%b5%d1%81%d0%be/