Испечати

Пита со сирење, јајца и јогурт

Пита со сирење, јајца и јогурт

Состојки

  • *тесто
  • 700 гр брашно
  • 10 гр квасец, вода, на врв лажиче шеќер, сол
  • 150 гр маргарин за премачкување
  • *фил
  • 4 јајца
  • 1/2 кг сирење
  • 400 мл јогурт
  • 1 фатка гриз или презла

Подготовка

Ова е мојата омилена пита по рецепт на мајка ми. Едноставно, сите ја обожаваме. Овој пат за прв пат се потрудив сама да ја приготвам, наместо неа да и порачувам...пробата успешна, сами си ја изедовме и на никој не дадовме )))
Овде е приготвена во Ростерот, а дозата е за плех од шпорет.

Од брашното, квасецот, малку сол и шеќер на врв на лажиче и водата замесете тесто. Бидејќи рецептот ми е кажан провизорно, посебно делот за водата, јас си запишав колку вода употребив, но за жал, немам појма каде, па ќе треба сами да си процените (се однесува на понеискуните како мене).
Тестото поделете го на 12 топчиња, од кои 7 ќе одат во подлога кората и 5 во горната кора.
Секое топче се расукува и се премачкува со маргарин и се витка во плик форма. Секоја плик форма потоа, се расукува и повторно се премачкува со маргарин. Се редат една над друга 7те и 5те кори. Се оставаат да 10 минути да одстојат и потоа од секое купче се сучи во по една кора.

Во намастениот плех се простира големата кора. Краевите треба малку да висат од плехот.
Се става филот, предходно приготвен (сирењето се дроби и се меша со малку изматените јајца, јогуртот и презлата или гризот и сол по желба), се поклопува со другата кора, која малку се гужва и на крај се виткаат краевите кои виселе од првата кора.
Ставете неколку парчиња маргарин одозгора и печете на 200 степени 20-30 мин (провизорно).
Питава одлично оди со чашка ладен јогурт. На здравје!

* Ние си ја нарекуваме Зелник со јајца, сирење и јогурт, бидејќи начинот на правење е истиот како кога правиме Зелник со праз (единствено е филот малку различен). Значи, освен овој фил, кој ви препорачувам да го пробате, питава претворете ја во зелник со фил од праз, сирење и јајца и уживајте!