18
сеп
2012
Пита со пиперки и сирење
1. Во сад ставете ги брашното, маргаринот, јајцата, солта, пецивото и со водата замесете не лепливо тесто.
2. Подгответе го филот. Јајцата измешајте ги со сирењето, додадете ги пиперките исецкани на кругови, макот и сол по вкус. Се заедно измешајте.
3. Од дел од тестото направете ленти , кои ќе ви послужат за декорација. Од останатото тесто направете кора и ставете ја во подмачкано плехче (бр. 30) или во калап за кростата и избоцкајте ја со вилушка.
4. Ставете го филот и украсете ја со лентите.
5. Ставете ја да се печи на 180 степени 40 минути.
6. Послужете ја топла со јогурт.
Лиценца: Сите права се задржани
а моиве дома ме гледаа попреку еднаш кога им направив зеленчукова вртена пита, демек кај само зеленчук без сирење во питата. ама после им направив ИН ЈОР ФЕЈС! :) :) :) :)
А овде мааалллку подоладена :)
Многу убава :)
Никонот е L810 и или сум јас толку глупа а не се сеќавам или не се погоди, па уште и од излог ми го дадоа...:((( денес ако можам или утре ќе го носам на проверка. Не сакав пред време да кажам за и Лили да види, ама знам дека е искрена па ете, таа е од стариот апарат, кодак на чија серија не се секавам оти е излитена од употребуван :))) ама е купен во тоа време најефтиниот и тоа на попуст. Срце ме боли ако ме веруваш :)))
Да се надеваме со најавата на уредништвото за новата платформа од следниот месец дека ќе се има солидна прегледност на сликите од постарите испоробани рецепти и дека тоа ќе можи да се види и без да се најавува како мене сега во коментари ;)