1
јул
2012
Полнети пиперки со сирење
Со помош на вилушка изгмечете го сирењето. Скршете ги јајцата и измешајте.
Пиперките измијте ги, извадете им ги рачките и добро истресети ги од семките.
Со мало лажиче наполнете ги од смесата и затворете ги со кругови домат.
Наредете ги во тава, попрскајте ги со масло и печете на 200 степени околу 20 минути.
Добар апетит!
Лиценца: Сите права се задржани
navistina dobar recept :)
Ете Маја, јас те потсетив на овие, а Дани додаде супер идеја и да има и по некој домат полнет со сирењето. Јас ги обожавам додека се сеуште млади и кревки пиперките(оние први тури кога доаѓаа на пазар, иако сега веќе се растури природниот ред) но,повеќе ги сакам кога мајка ми ќе ми ги спреми, отколку јас самата, ама ме мрзеше овој пат сама како и обично да си се понудам на нарачан ручек па си седнав и сама си ги направив :)))
а што беше прашањето? дааа! држам кафана, како не држам! :) -кога ќе се лупнам во таква-ела стани ме после ;)