Испечати

Полнети пиперки со сирење

Полнети пиперки со сирење

Состојки

  • 8 зелени пиперки
  • 500-600 гр бело сирење или изварка(урда)
  • 2-3 јајца
  • 2 домати

Подготовка

Со помош на вилушка изгмечете го сирењето. Скршете ги јајцата и измешајте.
Пиперките измијте ги, извадете им ги рачките и добро истресети ги од семките.
Со мало лажиче наполнете ги од смесата и затворете ги со кругови домат.
Наредете ги во тава, попрскајте ги со масло и печете на 200 степени околу 20 минути.
Добар апетит!