Испечати

Пита со пиперки и сирење

Пита со пиперки и сирење

Состојки

  • Тесто
  • 500 гр брашно
  • 130 гр маргарин омекнат на собна температура
  • 2 јајца
  • 1 лажиче прашок за пециво
  • 70 мл вода
  • 1 лажиче сол
  • Фил
  • 500 гр сирење урда
  • 2 јајца
  • 100 гр зелени пиперки
  • 1 лажиче мак

Подготовка

1. Во сад ставете ги брашното, маргаринот, јајцата, солта, пецивото и со водата замесете не лепливо тесто.
2. Подгответе го филот. Јајцата измешајте ги со сирењето, додадете ги пиперките исецкани на кругови, макот и сол по вкус. Се заедно измешајте.
3. Од дел од тестото направете ленти , кои ќе ви послужат за декорација. Од останатото тесто направете кора и ставете ја во подмачкано плехче (бр. 30) или во калап за кростата и избоцкајте ја со вилушка.
4. Ставете го филот и украсете ја со лентите.
5. Ставете ја да се печи на 180 степени 40 минути.
6. Послужете ја топла со јогурт.