Едноставен, особено вкусен и брз доручек ќе ви презентирам сега.

Калапот за мафини го премачкуваме со путер. Ја редиме сланината која треба да ни биде исечкана на тенки листови. Во сад, со вилушка, ја мешаме павлаката со сирењето и јајцата. Истураме од смесата во секое калапче. Печеме во загреана рерна на 180 степени околу 20-25 минути.
Лебот исечен на кришки го тостираме. Се сервира топло.

Забелешка
Јас немав доволно сланина, па не ставав на секое калапче на дното од мафините. Пожелно е со сланина да се обложи целиот калап.
Само на дел од филот ставив сечкано младо кромитче. Може да ставите и сечкан магдонос доколку сакате.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани