Крцкав тарт со сланина, спанаќ, урда, јајца
Ова ни беше денешниот појадок. Многу вкусен тарт. Пробајте го.
1. Во вангличка се ставаат бело и ржано брашно, јајце, сол, 10 гр квасец или 1 лажиче пециво, путер и 6 лажици вода.
2. Се замесува тесто кое не смее да лепи на рацете.
3. Се покрива со фолија и нека отстои во фрижидер 30 минути.
Подготовка за полнењето:
1. Во мала тава се пропржуваат сецканата сланинка и сецканата лута пиперка.
2. Во друг сад се соединуваат спанаќ, јајца, урда, сол, бибер, кисело млеко. Се сучи тeнка кора од тестото и се става во округла тава бр 26. По желба на работ се прават украси со прстите.
3. Врз тестото се нанесуваат пропржените сланина и пиперка. Врз нив се истура подготвениот фил. Се наросува со сусам. Се печe околу 30 мин. На 180 с. Се сервира со јогурт.
Лиценца: Сите права се задржани