Пита леб
Пита лебот е многу лесно да се направи, а има многубројни намени. Може да се полни со состојки по желба и да се прават најразновидни сендвичи, да биди готова подлога за пица, да се исечи на парченца кои ќе се препечат и ќе се послужат како крекери со дип или ќе бидат додаток на салати, а можеби и самите ќе откриете некој начин за да го користите.
За да ви успее лебот, т.е. за да се надуе и да се створи една голема шуплина мегу двата тенки слоеви тесто важни се само две работи. Сосема тенко да ги расучите топчињата тесто и да ги печете на екстремно висока температура на загреана подлога. Сигурно успева.
Во еден средно голем сад измешајте го брашното со солта и сувиот квасец. Додајте ги маслото, медот и 1 1/4 шоља вода. Мешајте со дрвена лажица додека не добиете груба топка од тесто. Ако не се навлажни цело брашно, постепено додавајте ја уште 1/2 шоља вода. Потоа месете го тестото на работната површина или месете го со миксер околу 10 мин. додека не стане сосема мазно и еластично. Формирајте го во топка, ставете го во лесно намастен сад, покријте го со проѕирна фолија и оставете го да стасува 1 до 1 и пол час.
Стасаното тесто лесно размесете го и поделете го на 8 дела. Секој формирајте го во топче, покријте ги со влажна крпа и оставете да отстојат дваесетина минути.
Загрејте ја рерната на 250 Ц. Ставете го во неа и каменот за печење или плехот од шпоретот, завртен со дното нагоре.
На лесно набрашнета површина расучете ги топчината во кругови со дебелина од 3 - 4 мм.
Ставете 2 - 3 круга на плехот и печете на истата температура 3 - 5 мин. Лебчињата ќе се надуваат како балони и ќе бидат бледи, со неколку златнокафеави точки. Со толку печење ќе останат еластични и откако ќе се оладат, а ако сакате да се покрцкави, печете ги некоја минута подолго.
Веднаш од рерна, завиткајте ги во сува крпа и користете ги по ваша желба.
Јас со овој пита леб го направив фалафелот и табуле салатата на Алексаарс.
Лиценца: Сите права се задржани
Beti, ovie na slikata na pleh od sporetot, zavrten so dnoto nagore se peceni. Ne mora na kamen, samo da se zagree dobro plehot.
Nevena, ako gi stavas vo carsav edna do druga da se ladat, ke ostanat nadueni, a ako gi redis edna vrz druga, malku vo sredina ke se vdlabnat, ama koga ke gi presecis na pola za da gi polnis, suplinata ostanuva. Na dopolnitelnata slika se gleda.
Многу убаво ти испаднале,можеби наскоро ќе ги направам... :))))
Инаку, јас пити спремам по малку поинаков рецепт, ги печам на 220 степени и тоа обично (не ги ставам на загреан плех, туку на хартија за печење во плехот, и така во загреана рерна) и сите ми се дујат. Имам читано дека треба да се исукаат со правилна кружна форма за да бидат успешни. А твоите изгледаат совршени! :)
Уште кога ги видов во аватар сакав да пишам праќај го рецептот што побрзо......и ете!
Toa za formata ne go znaev... Mislam, bea okrugli, ama ne sosem idealni :)))
Ljubica, ke priznaes, ovoj pat brza bev :))))
Nazdravje neka vi se i fala ti :))
Fala ti mnogu!!!