Подготовка

1. Пилешкото го сецкаме на парчиња и го посолуваме.

2. Брашното го мешаме со густин, пециво, 1 лажица зејтин и 30мл вода во подлабок сад. Ги додаваме парчињата месо и ги мешаме убаво во смесата.

3. Ги пржиме вака подготвените парчиња пилешко во загреан зејтин. Кога ќе се испражат, ги вадиме на хартија и ги тргаме на страна.

4. Во тава на оган ги додаваме состојките за сосот (доматното пире, марамаладот, 60мл вода, шеќер, оцет и сол). Готвиме додека да зоврие, па ги додаваме сецканите бабури, кромид и ананас и готвиме кратко (неколку минути). Додаваме 1 лажица густин измешана со 1 лажица вода за да го згуснеме сосот. На крај го додаваме месото и готвиме мешајќи уште една минута, додека да се спои месото со сосот.

Јас го послужив во комбинација со варен басмати ориз и кинеска зелка салата.
На здравје!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани