Испечати

Пилешко во слатко-кисел сос

Пилешко во слатко-кисел сос

Состојки

  • 1-2 бабури (сецкани на мали парчиња)
  • пола главица кромид (сецкана на мали парчиња)
  • 1/4 ананас (сецкан на мали парчиња)
  • 450г пилешки стек
  • 120г брашно
  • 60г густин
  • 1 кесичка прашок за пециво
  • 30+60мл вода
  • 1 лажица зејтин + за пржење
  • 30г доматно пире
  • 30г мармалад од малини
  • 50г кафеав шеќер
  • 4 лажици алкохолен оцет
  • сол по вкус
  • 1 лажица густин + 1 лажица вода

Подготовка

Подготовка

1. Пилешкото го сецкаме на парчиња и го посолуваме.

2. Брашното го мешаме со густин, пециво, 1 лажица зејтин и 30мл вода во подлабок сад. Ги додаваме парчињата месо и ги мешаме убаво во смесата.

3. Ги пржиме вака подготвените парчиња пилешко во загреан зејтин. Кога ќе се испражат, ги вадиме на хартија и ги тргаме на страна.

4. Во тава на оган ги додаваме состојките за сосот (доматното пире, марамаладот, 60мл вода, шеќер, оцет и сол). Готвиме додека да зоврие, па ги додаваме сецканите бабури, кромид и ананас и готвиме кратко (неколку минути). Додаваме 1 лажица густин измешана со 1 лажица вода за да го згуснеме сосот. На крај го додаваме месото и готвиме мешајќи уште една минута, додека да се спои месото со сосот.

Јас го послужив во комбинација со варен басмати ориз и кинеска зелка салата.
На здравје!