Пилешка фантазија
Пилешките копани ги вадиме од коска и ги зачинуваме по желба. Печурките ги сецкаме на ленти и со малку масло ги ставаме на оган да се запржат. Откога ќе омекнат убаво ги додаваме цели листови зеље и го тргаме на страна, го покриваме и оставаме 5 минути да стои.
Едно парче од копаните ставаме врз него редиме парчиња кашкавал, парчиња шунка и парчиња од димената плешка ставаме од печурките и зељето и пак ред кашкавал, (од тие 300 грама си тргаме две парчиња кашкавал за на крај да ставиме врз копаните) Врз тоа ставаме и уште едно парче пилешки копан и зацврстуваме со чепкалки.
Постапката ја повторуваме и со останатите копани. Во огноотпорно тавче ставаме малку масло и налеваме 100 мл пиво ги ставаме готовите копани и покриваме со капак. Ставаме да се пече 1 час на 200 степени пред да ги вадиме од рерна ги отвораме ставаме по едно парче кашкавал и наросуваме сусам, враќаме во рерна да зарумени.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови