Печено тирамису - Јубилејни 900 ти рецепт
Полека но сигурно,се нанижаа рецепти, како гердан од разни бисери.
Моите бисери се моите различни рецепти кои со љубов и многу посвета им се посветувам секојдневно.
После многуте солени рецепти ќе ве почастам со тирамису кое го спремив како мој 900-ти рецепт.
Горда на својот јубилеј, ќе ви ја прикажам мојата верзија на едно поинакво Тирамису, на едно Тирамису, кое ветува многу со својот состав и вкус. Нема да ја должам многу само ќе ви кажам да ја пробате и да ужувате во овој преубав вкус.
Да ја започнеме подготовката.
1. Во сад изматете ги јајцата па кога ќе бидат пенесто матени, додајте го шеќерот. Во друг сад помешајте го брашното, нишестето, солта и ванилата. Ставете ги во сеалка, па просејте ги дирекно во јајцата. Мешајте со шпатула. Во соединетата смеса додајте зејтин и рум.
2. Префрлете ја смесата во калапот каде ќе печете и ставете во рерна. Печете 15 минутина на 180 степени. Кога ќе добие златеста боја, извадете ја кората од рерна и оставете да излади.
Одиме да ја припремиме кремата.
3. Слатката павлака ја матиме. Маскарпонето мора да е ладно, па се меша со просеаниот шеќер во прав и ликерот од јајца. Се мати додека не се соедини убаво смесата. Желатинот ставете го со вода да набабри. Кога е готов ставете го во касерола да се растопи, но не да зоврие. Ставете една лажица маскарпоне, па доставете го желатинот. Разматете убаво,а потоа цела смеса се соединува со желатинот.
Овој крем изматете го заедно со слатката павлака. Ќе добиете убав цврст крем.
4. За потопување на пишкотите е потребно млекото да го помешаме со ликерот од јајце. Во топла вода разматете ја лажицата инстант кафе, а потоа соединете ја течноста. Одиме со редење на тирамисуто.
5. На дното од калапот го ставаме испечениот изладен пандишпан. Премачкуваме тенок слој од кремот.
Пишкотите ги потопуваме во претходно подготвената течност и ги редиме во калапот врз кремот. Редиме секаде каде има празно место. Пополнетиот калап со пишкоти го премачкуваме со крем, па се така редиме крем па пишкоти, додека не ги потрошиме. Завршуваме со премаз од кремот.
6. Полниот калап го ставаме да се излади, а кога е веќе цврст, го вадиме од фрижидер и со помош на цедалка му просејуваме какао врз површината.
Јас какаото го промешав со несквик. Декорирав со чоколадни линд бомбони. Десертот е преубав кога се служи ладен.
Мислам дека дадов убав опис на подготовката да може и почетник во кујната да го спреми.
Нека ви е на здравје.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови
Ubava torta si podgotvila
Uzivaj vo tvojot den
Pozzz
Прекрасна торта, како и секој твој бисер <3
Да ти се множат :-)
Тортата е прекрасна, браво.
Поздрав и секое добро :)
Кога се готви со љубов,ништо не е тешко )))
Импресивна бројка, со импресивен рецепт. Мораме да признаеме дека од прва не освои со овој твој избор за Јубилеен рецепт. Сите без исклучок бевме согласни дека мораме да го пробаме :)
Навистина сме радосни и ја делиме среќата со тебе, затоа што си многу блиску до 1000та, и веруваме дека со овој интензитет ќе стигнеш многу брзо до таа бројка.
Ти благодариме од СРЦЕ што внесуваш дел од твојот жар и пасија за готвење во оваа страна, па по повод овој јубилеј сакаме да ти го подариме нашиот најнов производ Delimano Joy Електричната скара.
Се надеваме дека ќе најде одлична примена во твојата кујна и дека ќе го искористиш максимално.
Тимот на Мои Рецепти
Благодарност и за наградата која ми ја доделивте.
Живеам,во стан,па одлично ќе се вклопи,и онака немаше каде да правам скара ))))
Бидете ми поздравени и останете во добро здравје.
Da zaokruzos nabrzo i edna iljadarka , a potoa i mnogu povekje.
Tortata epten mi se dopadna.
Честитки мила, и за оваа голема бројка споделени рецепти и за убавата награда!
Тортата одлична комплетно! Па за скоро и милениумка да славиме :*
Честитки од мене за преголемиот јубилеј со најискрени зборови. Кој што знае да го цени времето, трудот, жарот, посветеноста што е овде оставена, знае колку е вредно сето тоа.
За фотографиите пак немам зборови, која од која подобра, тортава прекрасна.
Со здравје да ја користиш наградата, и знам брзо ќе ја стасаш илјадарката ... :) поздрав мила :)