Видео рецепт: Тирамису тoрта од палачинки
Фичо ќе направи интересна торта, прекрасна комбинација од два најпопуларни десерти – палачинки и Тирамису.
Подготовка
Чекор 1: Изматете ги состојките за палачинки и испечете 15 палачинки.
Чекор 2: Жолчките ставете ги на пареа со 4 лажици шеќер во прав и румот. Со жица матете ги додека не добиете крем и оставете го да се олади.
Чекор 3: Додека се лади кремот од жолчки изматете ги белките со 4 лажици шеќер во прав. Матете додека да добиете убав снег.
Чекор 4: Маскарпоне кремот соединете го со кремот од жолчки и матете додека да добиете хомогена смеса. Потоа додадете ги изматените белки и мешајте со шпатула да се соединат убаво.
Чекор 5: Палачинките филувајте ги една по една, наросете какао на последната и оставете ги во фрижидер околу 5 часа.
Чекор 6: Сервирајте!
СОВЕТ: За комплетен Тирамису вкус, може да додадете малку кафе во филот, тестото за палачинки, или пак да ја наросите тортата со кафе.