Тирамису чоколадни палачинки
Со рачна маталка измешајте ги сите состојки за палачинките.
Тестото нека биде мазно, ако има потреба поминете го низ цедалка.
Нека одмори половина час па испечете 8 палачинки.
Претходно, пред неколку часа отприлика, направете го филот. Чоколадото стопете го, а слатката павлака избијте ја, не многу, да се добијат меки врвови.
Маскарпонето изматете го со шеќерот па додајте го чоколадото. Изматете.
Слатката павлака додавајте ја лажица по лажица и рачно мешајте, се додека убаво не се спои во смесата. Нека одстои во фрижидер два-три часа.
Кафето растворете го во 100 мл жешка вода. Во него кратко макнувајте ги пишкотите пред да ги ставите на палачинката.
Секоја палачинка премачкајте ја со тенок слој од кремот, ставете пишкота, преклопете ја од двете страни, над преклопот повторно ставете малку крем и завиткајте ја во ролат. Ставете ги во фрижидер да се стегнат и уживајте во прекрасниот вкус.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови