Испечати

Видео рецепт: Тирамису тoрта од палачинки

Видео рецепт: Тирамису тoрта од палачинки

Состојки

  • Ќе ви треба (12-15 палачинки):
  • 2 јајца
  • 250 мл. кисела вода
  • 125 мл. обична вода
  • 125 мл. млеко
  • 300 мл. брашно (доколку е потребно се додава дополнително 50 - 80 гр)
  • 2 лажици ванила екстракт
  • прстофат сол
  • 1 лажица шеќер
  • 2 лажици масло за јадење
  • За ТИРАМИСУ крем ќе ви треба:
  • 4 белки и 4 жолчки одделно
  • 4 + 4 лажици шеќер во прав
  • 1 доза рум
  • 500 гр. маскарпоне
  • какао за наросување

Фичо ќе направи интересна торта, прекрасна комбинација од два најпопуларни десерти – палачинки и Тирамису.

Подготовка

Чекор 1: Изматете ги состојките за палачинки и испечете 15 палачинки.

Чекор 2: Жолчките ставете ги на пареа со 4 лажици шеќер во прав и румот. Со жица матете ги додека не добиете крем и оставете го да се олади.

Чекор 3: Додека се лади кремот од жолчки изматете ги белките со 4 лажици шеќер во прав. Матете додека да добиете убав снег.

Чекор 4: Маскарпоне кремот соединете го со кремот од жолчки и матете додека да добиете хомогена смеса. Потоа додадете ги изматените белки и мешајте со шпатула да се соединат убаво.

Чекор 5: Палачинките филувајте ги една по една, наросете какао на последната и оставете ги во фрижидер околу 5 часа.

Чекор 6: Сервирајте!

СОВЕТ: За комплетен Тирамису вкус, може да додадете малку кафе во филот, тестото за палачинки, или пак да ја наросите тортата со кафе.