Видео рецепт: Тирамису ролат
Денес ќе готвиме заедно со Валентина, готвач член на нашата веб-страница. Таа ќе подготви еден од нејзините најпопуларни рецепти, Тирамису ролат.
Креативен начин на подготовка на Тирамису, во форма на ролат, добро изладен пред јадење.
Подготовка
Чекор 1: Измешајте ги жолчките со шеќерот во прав и ставете ги да се варат на пареа додека да добиете фина кремаста смеса. Оставете да се лади.
Чекор 2: Изматете ја слатката павлака. Желатинот прелијте го со 5 лажици вода и оставете го да набабри. Потоа загревајте го на пареа да се растопи убаво во густа смеса. Може да додадете уште малку вода ако е потребно.
Чекор 3: Изладената смеса од жолчки соединете ја со изматена слатка павлака, маскарпоне сирење, додадете го и желатинот и чоколадните трошки. Полека измешајте додека да се добие еднолична смеса.
Чекор 4: Растопете го инстант кафето во млеко.
Подгответе пластична фолија. Топете ги пишкотите во млекото со кафе и наредете ги на фолијата за да се добие кора со правоаголен облик.
Чекор 5: Премачкајте ги со подготвениот фил и со помош на фолијата внимателно завиткајте ролат. Свиткајте ги краевите на фолијата и ставете го ролатот во замрзнувач да се стегне.
Чекор 6: Кога ќе се излади извадете ја фолијата и посипете го со чоколадо во прав или какао. Сервирајте!
СОВЕТ: Наместо инстант кафе во млекото може да додадете малку рум.