Печено телешко со прилог
1. Месото од вечер (или неколку часа пред готвење) зачинете го со сол и бибер и оставете го на страна. Во тава за пржење ставете малку зејтин да се загрее, па целото парче месо ставете го и пржете колку само да добие убава боја од сите страни. Во тавата ставете и едно цело чешне лук. Извадете го месото на чинија па во истата тава ставете го кромидот исечен на полумесечинки малку да омекне.
2. Во садот во кој ќе печете ставете го кромидот на средина, чешнињата лук само притиснете ги со нож да се отворат и ставете ги од горе па врз нив ставете го месото. Доадете ги претходно исчистените и на половина исечени печурки и круговите морков. Неколку ливчиња рузмарин ставете врз месото, а остатокот од гранчето ставете го во пекачот. Зачинете со сол и бибер, ставете ги виното и водата, затворете го пекачот и ставете во претходно загреана рерна на 180С да се пече (околу час и 15 до час и 30 минути).
3. За прилогот, компирите и морковите ставете ги во малку посолена вода да се варат. Кога се убаво сварени исцедете ги, додадете ја коцката маргарин и измиксирајте за да нема грутки. Постепено додавајте врело млеко додека ја добиете посакуваната густина. Посолете по вкус и додадете малку бибер.
4. По желба од течноста во пекачот, морковот, кромидот и лукот може во блендер да направите сос/прелив.
Добар апетит =)
Лиценца: Сите права се задржани